• недела, 22 декември 2024

Москва: Американска подморница навлезе во руски територијални води

Москва: Американска подморница навлезе во руски територијални води
Москва, 12 февруари 2022 (МИА) - Руската армија соопшти дека регистрирала недозволен влез на американска подморница во руски територијални води и оти презела соодветни мерки подморницата да го напушти подрачјето. Американската подморница била забележана за време на воената вежба во близина на Курилски Острови во Тихи Океан и било побарано да го напушти регионот. Но, откако не било исполнето барањето, екипажот на бродот Маршал Шапошников морал да употреби соодветни мерки за да ја принуди американската подморница да замине од руските територијални води. - Американската подморница со максимална брзина ги напушти руските територијални води, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Исто така се додава дека навлегувањето во руски територијални води не е инцидент, туку нарушување на интегритетот, поради што е повикано на разговор американското воено аташе. САД се уште не го коментирале инцидентот. ми/

Остани поврзан