• понеделник, 23 декември 2024

Морисон: Одбранбените сили би можеле да помогнат во секторот за грижа на стари лица

Морисон: Одбранбените сили би можеле да помогнат во секторот за грижа на стари лица
Мелбурн, 4 февруари 2022 (МИА) - Австралија би можела да ги искористи своите одбранбени сили за да помогне во борбата против пандемијата на Ковид-19 во секторот за нега на стари лица, каде што има зголемен број заразени, поради што многу домови се принудени да се затворат, рече премиерот Скот Морисон.
Владата се најде под притисок на јавноста поради ширењето на варијантата Омикрон во домовите за стари лица, а министерот за услуги за нега Ричард Колбек се најде под јавна критика откако присуствуваше на крикет натпревар наместо да се појави пред парламентарната комисија која ги испитува причините за избувнувањето на заразата во домовите за стари лица.
Морисон рече дека побарал од министрите за одбрана и за здравство да видат како одбранбените сили можат да помогнат во домовите за стари лица каде што многу вработени се во изолација поради инфекција со коронавирус.
Вкупниот дневен број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска е намален и можеби  најнизок за повеќе од еден месец, со околу 30.000 нови случаи пријавени во најголемите држави. паг/
 
 

Остани поврзан