• понеделник, 23 декември 2024

Морисон го оспори кредибилитетот на Макрон

Морисон го оспори кредибилитетот на Макрон
Глазгов, 2 ноември 2021 (МИА) – Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека уште во јуни го известил претседателот на Франција, Емануел Макрон дека конвенционалните подморници, кои Австралија ги набави од Франција нема да ги задоволат растечките стратешки потреби на Канбера. Австралиските медиуми објавија дека Морисон се обидел телефонски да разговара со Макрон, два дена пред да објави дека влегува во безбедносен сојуз со Велика Британија и со САД (АУКУС) во индо-пацифичкиот регион, поради што Канбера го раскина договорот со Париз за купување на подморници, вреден повеќе милијарди долари. Францускиот претседател на телефонските повици одговорил со порака, истакнувајќи оти не е во можност да се јави. Изјавата на Морисон уследи откако Макрон во неделата изјави дека знае дека австралискиот премиер лаже. „Дали мислите дека Скот Морисон ве излажал?“, праша австралиски новинар на маргините на самитот на Г-20 во Рим, алудирајќи на тајните разговори меѓу САД, Велика Британија и Австралија за одбранбениот договор што доведе до распаѓање на договорот меѓу Париз и Канбера за купување 12 подморници во вредност од 55 милијарди евра. - Не мислам туку, знам, посочи Макрон. ми/

Остани поврзан