• понеделник, 23 декември 2024

Морисон: Асанж ќе може да се врати во Австралија кога ќе завршат сите процеси

Морисон: Асанж ќе може да се врати во Австралија кога ќе завршат сите процеси
Канбера, 5 јануари 2021 (МИА) - Џулијан Асанж може да се врати дома веднаш штом ќе бидат завршени сите постапки против него, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, еден ден откако британскиот суд одби да го екстрадира основачот на Викиликс во САД. Заклучувајќи дека поради психолошки проблеми, постои голем ризик од самоубиство на американскиот „свиркач“, британски судија вчера го отфрли барањето за екстрадиција во САД, каде Асанж би се соочил  со обвиненија за шпионажа. Министерството за правда на САД соопшти дека ќе ја обжали одлуката пред повисок суд. - Судскиот систем има свои процедури, а ние не сме странка во постапката. На Асанж, како и на секој Австралијанец, му беше понудена конзуларна поддршка и кога ќе заврши се, тој може да се врати дома како и секој друг Австралијанец, изјави Морисон за локалното радио 2ГБ. Во САД поднесени се 18 обвиненија против Асанж (49) за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, поради на доверлива документи со информации за воените операции на САД. ми/

Остани поврзан