• понеделник, 23 декември 2024

Морисон: Австралија не брза да ги отвори границите

Морисон: Австралија не брза да ги отвори границите
Мелбурн, 18 април 2021 (МИА) - Австралија не брза да ги отвори меѓународните граници и да го ризикува животот кој речиси е ослободен од коронавирусот, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Австралија ги затвори своите граници за сите лица кои не се нејзини државјани или немаат регистриран престој на нејзина територија во март 2020 година, а ограничен влез е дозволен во претходните месеци, главно за граѓаните кои се враќаат дома. „Австралија не брза да ги отвори своите граници, ве уверувам. Јас нема да го загрозам начинот на кој живееме во земјата, што е прилично поразличен во споредба со остатокот од светот", рече Морисон. Затворањето на границата, заедно со силните рестриктивни мерки и следењето на контактите ја направи Австралија една од најуспешните земји во контролата на пандемијата, така што од првиот случај се регистрирани помалку од 29.500 заразени, додека починаа 910 пациенти. Веќе неколку месеци, освен за време на кратки заклучувања, Австралијците можат да седат во ресторани, слободно да се собираат и да не носат маски на повеќето места. паг/  

Остани поврзан