• четврток, 07 ноември 2024

Мората по медицинските прегледи во Милан: Едвај чекам повторно да играм во Италија

Мората по медицинските прегледи во Милан: Едвај чекам повторно да играм во Италија

Милано, 17 јули 2024 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората денеска ги помина лекарските прегледи во шпанската престолнина пред трансферот во Милан, пренесе „Скај Спорт“.

По завршувањето на тестовите, европскиот шампион со Шпанија зборуваше конкретно за италијанската телевизија.

-Имам голема доверба во Златан, тимот и тренерот. Едвај чекам да започнам. Но, пред тоа морам да одам на одмор и да уживам со семејството, бидејќи тие секогаш ми помагале. Инаку од утре ќе почнев да тренирам. Вистината е дека Италијанците отсекогаш се однесувале кон мене со голема почит и едвај чекам прво да одам на одмор во Италија, а потоа повторно да играм таму. Од разговорите со Златан почувствував само позитивни работи. Знам дека најдобрите години од мојата кариера допрва доаѓаат и сакам да му се приклучам на овој голем клуб Милан. Дали ќе го носам дресот со број 9? Не знам, мора да разговараме за тоа и ќе видиме, прокоментира Мората, кој веќе имаше два периоди во Серија „А“ со тимот на Јувентус.

Милан ќе ја плати откупната клаузула на 31-годишниот играч во висина од 13 милиони евра, а со него ќе потпише договор најмалку до летото 2028 година за плата од околу 5 милиони евра по сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан