• понеделник, 23 декември 2024

МОН: Од денес започнува ТИМСС тестирањето - резултатите важни за креирање на образовните политики

МОН: Од денес започнува ТИМСС тестирањето - резултатите важни за креирање на образовните политики

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - Од денеска започнува тестирање ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study), во кое се опфатени 150 основни училишта од државата и до крај на наставната година ќе бидат тестирани околу 4900 ученици на македонски и на албански јазик, информираат од Министерството за образование и наука.

Како што информираат оттаму со учеството во меѓународните студии на мерење на постигањата на учениците се добиваат бројни податоци за образовните системи, наставните програми, наставниот процес, постигањата на учениците, работата на наставниците, како и споредување на постигањата на учениците на меѓународно ниво, како исклучително важен фактор за понатамошното креирање на образовните политики со кои Министерството треба да обезбеди поквалитетно образование.

- Исклучително важно за Република Северна Македонија е да учествува во меѓународни тестирања во областа на образованието, преку кои се проверуваат постигнувањата на учениците, нивото на нивното знаење споредено со знаењето на врсниците од други земји, се проверува подготвеноста за справување со предизвици и реални ситуации од секојдневието, се компарира начинот на организирање на наставата во различни земји и дома. Посакуваме процесот да помине во најдобар ред, резултатите на учениците да бидат подобри од претходните циклуси на мерење и истите да бидат добра основа за носење на следни одлуки во креирање на политики во образованието, соопштувцаат од МОН.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). ТИМСС тестирањето опфаќа ученици, родители, наставници и директори на училиштата, а резултатите од ова тестирање со опсежен извештај ќе бидат објавени во декември 2024 година. свс/сп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан