• петок, 20 декември 2024

Монитори на човековите права: Милитантите на Исламска држава убиле 54 сириски војници

Монитори на човековите права: Милитантите на Исламска држава убиле 54 сириски војници

Дамаск, 10 декември 2024 (МИА) - Милитантите на Исламската држава убиле 54 војници додека бегале пред нивниот налет, во моменти кога бунтовниците напредувале против владините сили на претседателот Башар ал-Асад, соопшти денеска воен набљудувач, јави ДПА.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште е во Велика Британија, соопшти дека милитантите на Исламската држава ги уапсиле војниците кои бегале за време на падот на режимот на Ал Асад и потоа ги убиле.

Сириските војници се убиени во областа Ал Сухна, во провинцијата Хомс, соопшти Центарот, чие седиште е во Велика Британија, пренесе ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан