• сабота, 29 јуни 2024

Монако ќе му понуди на Белоти договор до 2025 година

Монако ќе му понуди на Белоти договор до 2025 година
Монте Карло, 26 јуни 2022 (МИА) - Монако сака да го ангажира напаѓачот Андреа Белоти. Клубот е подготвен да му понуди на 28-годишниот Италијанец договор до 2025 година, објави „Фут Меркато“. Претходно беше објавено дека Белоти нема да го продолжи договорот со Торино, кој истекува на 30 јуни 2022 година. Самиот фудбалер би сакал кариерата да ја продолжи во Милано, но преговорите со миланскиот клуб одат тешко. Белоти минатата сезона одигра 22 натпревара во Серија А за Торино, постигнувајќи 8 гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан