Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
- По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.
Кавадарци, 26 јануари 2026 (МИА) - Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 22:30 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош - Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од СВР - Велес. свд/вг/
Фото: МИА архива