• четврток, 19 декември 2024

МОК: Омикрон нема да ги загрози ЗОИ во Пекинг

МОК: Омикрон нема да ги загрози ЗОИ во Пекинг
Пекинг, 12 јануари 2022 (МИА) – Откако олимписките организатори во Пекинг изразија денеска загриженост поради растот на бројот омикронски инфекции во Кина, директорот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за Зимските олимписки игри (ЗОИ), кои ќе почнат на 4 февруари. - Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре. Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите. Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село. ег/сд/

Остани поврзан