• петок, 05 декември 2025

Моди во Токио: Индија и Јапонија ќе го обликуваат „азискиот век“

Моди во Токио: Индија и Јапонија ќе го обликуваат „азискиот век“

Токио, 29 август 2025 (МИА) – Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Индија и Јапонија ќе го „обликуваат азискиот век за стабилност, раст и просперитет“. Тој изјавата ја даде за време на посетата на Токио, чија цел е зајакнување на безбедносната соработка и обезбедување нови јапонски инвестиции во Индија.

- Партнерството меѓу Индија и Јапонија е стратешко и разумно. Водени од економската логика, ги трансформиравме нашите заеднички интереси во заеднички просперитет, рече Моди на економски форум.

Тој оцени дека Индија е „отскочна даска“ за јапонските компании кон глобалниот Југ.

Според медиумските извештаи, Токио ќе најави инвестиции во Индија вредни 68 милијарди долари.

Посетата е дел од поширока турнеја на Моди, кој од Јапонија ќе отпатува во Кина на самитот на Шангајската организација за соработка, каде ќе присуствуваат и кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин. Ова е прва посета на Моди на Кина од 2018 година. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан