Моди во посета Гана
- Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска ја почна дводневната посета на Гана, на покана на претседателот Џон Драмани Махама. Тоа е прва посета на индиски премиер на Гана по повеќе од три децении
Њу Делхи, 2 јули 2025 (МИА) – Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска ја почна дводневната посета на Гана, на покана на претседателот Џон Драмани Махама. Тоа е прва посета на индиски премиер на Гана по повеќе од три децении.
Гана е ценет партнер на Глобалниот југ и игра важна улога во Африканска Унија и Економската заедница на западноафриканските држави. Оваа посета ќе ја потврди заедничката посветеност на двете страни за продлабочување на билатералните врски и зајакнување на ангажманот на Индија со Економската заедница на западноафриканските држави и со АУ, истакна Моди.
Моди од Гана ќе отпатува во Тринидад и Тобаго (3 и 4 јули), следните два дена ќе престојува во Аргентина, а потоа ќе го посетуиу Бразил каде ќе присуствува на 17-тиот Самит на БРИКС, по што ќе следи официјална билатерална посета. Последната станица од турнејата на Моди ќе биде Намибија. ми/
фото: МИА архива