• петок, 08 ноември 2024

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3590 таблети трамадол

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3590 таблети трамадол

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Мобилен тим на Царинската управа спречил шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце.

Случајот, соопштија денеска од Царина, е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава.

- Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид, соопштија денеска од Царинската управа.  цр/са/

Фото: Царинска управа

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан