• петок, 05 декември 2025

Многу е важно сите информации прво да се проверуваат, правиме напори да одговориме и помогнеме на сите во оваа несакана ситуација, вели Томовски  

Многу е важно сите информации прво да се проверуваат, правиме напори да одговориме и помогнеме на сите во оваа несакана ситуација, вели Томовски  

Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) – Многу е важно сите информации, фејсбук статуси или какви било реакции за третманот и поддршката за повредените во трагедијата во Кочани, да се проверуваат, повика директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, нагласувајќи дека јавноста мора да биде запознаена и да ја знае вистината.

Томовски, на денешната трибина „Кочани е нашиот приоритет“, изрази уверува дека прават напори да одговорат на сите и помогнат колку што може во, како што рече, цела оваа несакана ситуација за целата заедница.  

Во однос на сведоштвата на некои од повредените, кои можеше да се видат на социјалните медиуми, кои велат дека се незадоволни и велат дека не ја добиле грижата од државата, односно дека не се платени транспортот и лекувањето, Томовски нагласи дека за секоја една ваква информација што ќе ја види во јавоста ги задолжува службите да проверат зошто не е постапено соодветно како за сите останати пациенти.

-На почетокот размислував дали да се отвори оваа тема, конкретно со вчерашниот фејсбук статус за еден од пациентите. Не сакав да го отворам, бидејќи се соживувам со луѓето и нивната несакана настаната ситуација. Дадов насоки веднаш до службите да проверат зошто сме испуштиле  таква работа и зошто не сме постапиле соодветно како за сите останати пациенти, и мора јавноста да биде запознаена и ја знае вистината, дека од сето тоа излезе спротивно. Истиот човек, кој што го пишал тој фејсбук статус, има искористено државна помош, односно близок член на неговото семејство има искористено некаде околу 35 денови сместување во хотел, во една соседна држава и имаат искористено кога се враќаат во Македонија, превоз со нашите владини возила од државата до дома, појасни Томовски. аа/вг/

Фото: принтскрин 

Остани поврзан