• понеделник, 23 декември 2024

ММФ започна со распределбата на 650 милијарди долари на земјите членки

ММФ започна со распределбата на 650 милијарди долари на земјите членки
Њујорк, 23 август 2021 (МИА) - Распределбата на специјалните права на влечење (СПВ) помеѓу земјите -членки на ММФ во износ од 650 милијарди долари, одобрени на почетокот на месецот, стапи на сила, соопшти РБЦ. Од распределените средства, 275 милијарди се за земјите во развој, од кои 25 милијарди за членките на Заедницата на независни држави (ЗНД) и Грузија. Русија доби околу 17,5 милијарди долари. Специјалните права на влечење (СПВ) се нефизичко средство за плаќање на фондот. Девизниот курс на СПВ се одредува дневно врз основа на девизниот курс на доларот, еврото, јенот, фунтата и јуанот. Сега се во оптек 204 милијарди СПВ, што е еквивалентно на 290 милијарди долари. Вкупниот број на СПВ ќе достигне 660 милијарди. ММФ последен пат го објави СПВ во 2009 година, по глобалната финансиска криза. Уделот на земјите во распределбата на СПВ одговара на квотите во ММФ - акции во капиталот на фондот. На пример, во САД тоа е 17,4 отсто, во Русија - 2,71 отсто. Големината на акциите се пресметува според формула која го зема предвид БДП на земјите, платниот биланс и меѓународните резерви. паг/  

Остани поврзан