• петок, 22 ноември 2024

ММА бара извинување од министерот Бектеши

ММА бара извинување од министерот Бектеши

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Македонската медиумска асоцијација (ММА) на националните терестријални телевизии реагира на повторните, како што наведуваат, политички етикетирања на две нивни членки Канал 5 и Телма. ММА очекува извинување од министерот Крешник Бектеши или како што велат ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека тој е негов прв човек.

Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и ТВ Телма денеска на прес - конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно.

-При тоа спротивно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ. Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на министерот Крешник Бектеши е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста, се наведува во соопштението од ММА.

Оттаму укажуваат дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

-Потсетуваме дека согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица, вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот министерот Бектеши, велат од ММА. ев/бак/

 

Остани поврзан