• среда, 03 јули 2024

Младост 96 и Крива Паланка во финалето на плејофот во пинг-понг

Младост 96 и Крива Паланка во финалето на плејофот во пинг-понг

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Првите две екипи од табелата ги победија своите полуфинални противници и се изборија  да играат финале во плејофот. 

Младост 96 ги победи Младост со 2:1 додека Крива Паланка ги победи Телеком Нец 2 со 2:0.
Финалето е закажано да се игра на 9-ти јуни во Прилеп.

Во баражот за влез/опстанок во Супер лига играа Вардар од Скопје и Борец Тим од Велес. Вардар со победа од 4:2 успеа да го задржи местото во Супер лигата и следната сезона.

Во меѓувреме започнуваат настапите на нашите млади репрезентативци на меѓународните натревари. На Европското Првенство до 13 години што се одржа во Букурешт, Романија од 22-ри до 26-ти мај, настапи најдобриот млад кадет за оваа година Мартин Ристески од ППК Младост 96, Прилеп.

Иако покажа добра игра за жал не успеа да ја помине групата. дс

Фото: ППФСМ

Остани поврзан