„Млади и солидарни“ - хуманитарeн турнир на СДММ во Пробиштип
15 октомври 2022
Денеска на повеќенаменското игралиште кај Спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип се одржа регионалниот натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.
Младите од целиот Источен регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.
На овој начин СДММ преку забава и игра, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Преку хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.
Овие натпревари продолжуваат и во наредните викенди каде во рамки на хуманитарниот турнир СДММ покажува вистинска грижа и солидарност со младите и децата со попреченост.
Утре, хуманитарниот турнир ќе се одржи во Крива Паланка каде ќе учествуваат екипи од Североисточниот регион.
СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој онолку колку може.
Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.
СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки