Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана
- Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран - Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа.
Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран - Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа.
Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада.
- Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство, велат од Владата.
Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во дискотеката во Кран Монтана, а неговото семејство преку социјалните мрежи бараше помош за негово пронаоѓање.
Во пожарот, според швајцарските медиуми, загинаа 40 луѓе, а над 100 се повредени.
И Македонија понуди помош за лекување на повредените во пожарот. бак/
Фото: МИА архива