Младински екипи од Делчево и Берово на пријателски фудбалски турнир во Банско
- Младинските тимови на фудбалските клубови Малеш од Берово и Брегалница од Делчево учествуваат на турнир во Банско, Република Бугарија.
Берово, 6 јули 2022 (МИА) - Младинските тимови на фудбалските клубови Малеш од Берово и Брегалница од Делчево учествуваат на турнир во Банско, Република Бугарија.
- На пријателскиот фудбалски турнир учествуваат 100 млади луѓе, 50 од Бугарија и 50 од Република Северна Македонија на возраст од 12 до 14 години, информираше Новица Печински, претседател на ОФК Малеш.
На сите учесници како што додаде им се покриени трошоците за превоз , сместување и храна.
- Им посакуваме одлична игра и многу успех. Спортот продолжува да обединува и да создава нови пријателства, додава Душко Петровски, тренер на клубот од Делчево.
Дводневниот настан се реализира на иницијатива и со финансирање на д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска памет“. вс/зс/