• понеделник, 23 декември 2024

Младински дискусии во Валандово поврзани со „Денот на Европа 2023“

Младински дискусии во Валандово поврзани со „Денот на Европа 2023“

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Нова сесија од серијата дискусии поврзани со „Денот на Европа 2023“ посветени на локалната младина низ општините вчера се одржа во Валандово. Дискусијата ги истакна младинските перспективи, потреби и предизвици, обезбедувајќи платформа за локалната младина директно да комуницира со носителите на одлуки.

Домаќин на овој настан беше Општина Валандово, а на него учествуваа Софија Филипиду, амбасадорка на Република Грција, млади активисти од општината, млади амбасадори, како и претставници од Europe House Скопје и Струмица.

Како што информираат од Европска куќа, разговорот беше поделен на две сесии и опфати неформален брифинг со младите, како и средба со градоначалникот на Валандово.
 
- Во првата сесија, младите учесници одговорија на низа прашања, како што се младинскиот активизам, локалното учество, еколошките предизвици и интеракцијата со локалните институции со младите од општината. Во завршниот дел од настанот, амбасадорката Софија Филипиду оствари средба и со градоначалникот Перо Костадинов. На средбата се разговараше за точките што ги иницираше локалната младина, по што следуваа заклучоци од дијалозите од страна на амбасадорот во конструктивната дискусија со градоначалникот, се вели во соопштението.
 
Според Европска куќа, овој настан ја одразува посветеноста на иницијативата на Европската делегација во Република Северна Македонија за промовирање на младинското учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво, а со тоа да придонесува во градењето на подемократско општество.

Слични настани Europe House организираше и во Шуто Оризари и Битола, а како што информираат организаторите, се планираат и во други општини, како Градско, Куманово, Охрид и други. сх/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан