• недела, 22 декември 2024

МКС започнува истрага за ситуацијата во Украина

МКС започнува истрага за ситуацијата во Украина
Хаг, 3 март 2022 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) соопшти дека покренува истрага за ситуацијата во Украина, пренесува „Гардијан“. Обвинителот на овој суд, Британецот Карим Кан, потсети дека на 28 февруари обелоденил дека бара дозвола да покрене истрага за ситуацијата во Украина, врз основа на претходните заклучоци на неговиот правен тим. - Ова ги вклучува сите нови наводни злосторства кои спаѓаат под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, посочи Кан. Тој, исто така, рече дека го информирал претседателството на МКС за неговата одлука веднаш да започне сеопфатна истрага за ситуацијата. - Нашата работа на собирање докази штотуку почна, истакна Кан. гт/

Остани поврзан