• сабота, 29 јуни 2024

МИ 2022: Џудистот Шерифовски не го мина елиминациското коло

МИ 2022: Џудистот Шерифовски не го мина елиминациското коло
Оран, 30 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот џудист Еди Шерифовски не успеа да го помине првото елиминациско коло на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Шерифовски денес ја загуби борбата со Божидар Вучуревиќ од Босна и Херцеговина во категоријата -81 кг. Босанскиот претставник беше подобар противник и заслужено оди во следната фаза. Тој уште на почетокот на борбата поведе со 1:0, а потоа на една и пол минута пред крајот изведе зафат доби ипон и предвреме ја обезбеди победата. зс/

Остани поврзан