• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мијатовиќ: По трансферот на Мбапе, Винсиус се плаши да покаже кој е подобар

Мијатовиќ: По трансферот на Мбапе, Винсиус се плаши да покаже кој е подобар

Мадрид, 10 април 2025 (МИА) - Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го сподели своето мислење за лошата сезона на Винисиус Жуниор. Бразилскиот крилен напаѓач ги влоши перформансите во однос на минатата сезона кога постигна 25 гола.

„Винисиус, по трансферот на Мбапе, се чини дека се плаши да покаже кој е подобар. Се чини дека задачата е да ги убеди навивачите на Реал Мадрид кој е најдобар овде. Ова доведе до полош настап од очекуваното оваа сезона. Тоа е забележливо, рече тој, цитиран од „Билд“.

Во текот на сезоната 2024/25, крилниот напаѓач одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 голови и 14 асистенции. 

Поимпресивни се сепак бројките на Килијан Мбапе - вкупно 47 натпревари, 32 гола и 4 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан