• петок, 22 ноември 2024

Мишов нов фудбалер на бугарски Етер

Мишов нов фудбалер на бугарски Етер

 

Велико Трново, 22 март 2024 (МИА) – Македонскиот напаѓач Александар Мишов (25) е нов фудбалер во редовите на бугарскиот прволигаш Етер, соопшти денеска клубот од Велико Трново.

Поранешниот фудбалер на Брера Струмица, Тиквеш и Борец се сели во бугарското првенство од редовите на грузиска Самтредија, а своето деби за Етер ќе го има денеска на пријателскиот натпревар против Левски.

Мишов во македонското првенство одигра 102 натпревари на кои постигна 16 голови, а во дресот на Самтредија на 16 натпревари осум пати се запиша во листата на стрелци и додаде две асистенции.

„Изминатите шест месеци во грузиска Самтредија играв добро и постигнував голови. Се појави шанса да дојдам во Етер и ја искористив.“, изјави Мишов по потпишувањето на договорот за соработка со бугарскиот прволигаш. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан