• недела, 22 декември 2024

Мишел шокиран од смртните случаи во полското село Пржеводов во близина на Украина

Мишел шокиран од смртните случаи во полското село Пржеводов во близина на Украина
Брисел, 15 ноември 2022 (МИА) -  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел е „шокиран“ од смртните случаи што се случија во полското село Пржеводов, што се наоѓа во непосредна близина на границата со Украина, по непотврдените информации дека два руски проектили залутале таму и погодиле фарма, јави ДПА. „Шокиран сум од веста дека проектил или друга муниција убила луѓе на полска територија. Мое сочувство до семејствата“, напиша  Мишел на Твитер. „Ние стоиме со Полска“, додаде. Мишел напиша дека е во контакт со полските власти, членовите на Европскиот совет и другите сојузници на ЕУ.
@CharlesMichel
Shocked by the news of a missile or other ammunition having killed people on Polish territory. My condolences to the families. We stand with Poland. I am in contact with Polish authorities, members of the European Council and other allies.
Ниту Варшава, Вашингтон, ниту седиштето на НАТО во Брисел не ги потврдија информациите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека не истрелало проектили во областа и ја отфрлило одговорноста
Се очекува полската Влада вечерва да понуди повеќе информации за сериозниот инцидент по кризниот состанок што се одржува во Варшава. Локалната противпожарна бригада одговорна за Пжеводов за ДПА изјави дека две лица загинале во експлозија, но додаде дека се уште не ја знае точната причина за нивната смрт. сд/

Остани поврзан