• недела, 22 декември 2024

Мишел: ЕУ не се плаши од руските контрамерки за планот за замрзнатите средства

Мишел: ЕУ не се плаши од руските контрамерки за планот за замрзнатите средства

Брисел, 22 март 2024 (МИА) - Европската унија не се плаши од можни руски контрамерки против плановите неочекуваниoт профит од замрзнатите руски средства да се искористи за купување оружје за Украина, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Не се плашиме од Русија и затоа донесуваме одлуки да ја поддржиме Украина, да се спротивставиме на Русија и да ја санкционираме Русија“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на крајот од самитот на Европскиот совет во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ смета дека е праведно овие приходи да се користат за помош на Украина бидејќи, како што наведе, таа земја е „жртва на агресија која ја покрена Русија“.

Лидерите на ЕУ синоќа соопштија дека ЕУ може да ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за да и помогне на Украина во рок од неколку месеци, како дел од планот што вклучува купување оружје за Киев. Лидерите на 27-те земји-членки на блокот се договорија на состанокот во Брисел да продолжат да работат на планот, кој оваа недела го презентираше Европската комисија. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан