• петок, 22 ноември 2024

Мишел: Европа го осудува кукавичкиот напад во Виена

Мишел: Европа го осудува кукавичкиот напад во Виена
Брисел, 2 ноември 2020 (МИА) - Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Веднаш по вечерашниот терористички напад во Виена, Мишел од својот профил на Твитер испрати сочувство до жртвите и граѓаните на Виена. - Ние сме со Австрија, порача Мишел. За време на вечерашниот напад во центарот на Виена загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени. паг/  

Остани поврзан