• сабота, 23 ноември 2024

Мишел: Договорот со Велика Британија е најдобар исход за сите

Мишел: Договорот со Велика Британија е најдобар исход за сите
Брисел, 24 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел изјави дека постигнувањето договор за воспоставување на блиски односи помеѓу Европската Унија и Велика Британија е  „голем чекор напред“ . - За нашите граѓани и компании сеопфатниот договор со нашиот сосед, пријател и сојузник е најдобар исход, посочи Мишел. Тој истакна дека ЕУ во преговорите со Велика Британија покажала единство и одлучност. - Ова беа многу предизвикувачки преговори, но процесот не е завршен. Сега е време ЕС и Европски парламент да го анализираат договорот постигнат на ниво на преговарачи, пред да дадат зелено светло, наведе Мишел. Постигнатиот договор ЕК треба да го потврди на состанок на еврокомесарите, како и парламентите на ЕУ и на Велика Британија. ми/

Остани поврзан