• вторник, 05 ноември 2024

„Мишелин" и „Бамфорд“ најавија серија часовници со каишки од рециклирана автомобилска гума

„Мишелин
Лондон, 27 јуни 2022 (МИА) - „Мишелин" и „Бамфорд Лондон“ заеднички најавија производство на 133 примероци од специјалниот часовник, чии каишки ќе бидат од рециклирана автомобилска гума. Покрај наоѓањето на најдобрите мешавини на гуми, „Мишелин“ како светски бренд, сега бара и начини да го намали штетното влијание врз животната средина, па прави напори и пластичните шишиња да ги претвори во гуми... Француската компанија оди и чекор натаму, па новата цел е да го искористи отпадот и да направи модел на часовник со ограничен број примероци, чија нараквица е направена од рециклирани гуми „Пилот спорт“. Во соработка со „Бамфорд Лондон“ ќе бидат произведени само 133 примероци, во чест на 133- годишнината од постоењето на „Мишелин“, основана 1889 година. Часовникот е наречен „Мишелин x Бамфорд Б-347 Пилот спорт“ и се заснова на стандардниот швајцарски часовник „Бамфорд Б-347“ што се појави на пазарот лани. Куќиштето од 41,5 мм ќе биде изработено од карбонски влакна, а еднократно допирање на копчето што се наоѓа во положбата „во насока на стрелките на часовникот“ ќе служи како копче за стоперица. Посебната жолта нијанса на „Мишелин“ ќе ги брои секундите и минутите, а часовникот има и црно-бели мотиви. Нараквиците ќе бидат направени од рециклирани гуми „Мичелин“. Според првичните информации, часовникот ќе чини 2.900 евра.  си/сд/

Остани поврзан