• петок, 22 ноември 2024

Мицотакис со Пахор и Јанша разговарал за европската перспектива на Балканот

Мицотакис со Пахор и Јанша разговарал за европската перспектива на Балканот
Атина, 1 септември 2021 (МИА) – Европската перспектива на балканските земји, како и претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан на 6 октомври, биле дел од темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал вчера со неговиот словенечки колега Јанез Јанша и утрово со претседателот на Словенија Борут Пахор  на средбите на маргините на „Бледскиот стратешки форум“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис посочил дека треба да се поддржи европската перспектива на земјите од регионот, со предуслов да се исполнат поставените услови. Дополнително, на средбите била разгледани регионални прашања, случувањата во Авганистан и текот на пандемијата. Во однос на евентуални нови бранови бегалци и мигранти, Мицотакис истакнал дека не може да се прифати повторување на она што се случуваше во 2015 година и нагласил дека е неопходно да се поддржат земјите што се блиску или се граничат Авганистан со цел да се обезбеди поддршка за бегалците. За пандемијата, грчкиот премиер ги информирал неговите соговорници за кампањата за вакцинација, за мерките во Грција, како и за задолжителната имунизација на здравствените работници што од денеска стапи во сила. ср/ Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан