• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис: Отворањето на ЕУ кон Западен Балкан –историска мисија што треба брзо да започне

Мицотакис: Отворањето на ЕУ кон Западен Балкан –историска мисија што треба брзо да започне
Атина, 28 мај 2021 (МИА) – Отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за надворешната политика на земјата, Мицотакис се осврна на односите со Турција, на источниот Медитеран, но и на регионот. -Како што знаеш пријателе Шарл, нашата земја беше прва од југот на Европа и прва балканска земја што беше примена во заедницата. А од нашите претседателства, две се идентификуваа со проширувањата. Затоа, отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, секако секогаш во согласност со европското демократско законодавство, рече Мицотакис. Грчкиот премиер и претседателот на Европскиот совет, во изјавите по средбата ја истакнаа важноста на европскиот дигитален сертификат, кој претходно беше и официјално презентиран, а говореа и за Фондот за закрепнување. ср/ Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан