• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис и Макрон во четврток ќе разговараат за ситуацијата во Источниот Медитеран

Мицотакис и Макрон во четврток ќе разговараат за ситуацијата во Источниот Медитеран
Атина, 7 септември 2020 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон во четврток ќе се сретнат на Корзика на маргините на Самитот на седумте медитерански земји од Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина. -Ќе дискутираат за сите случувања во Источниот Медитеран, секако и за турската провокација, но и за прашањата за билатералната соработка во областа на одбраната, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на средбата Мицотакис – Макрон. Грчкиот премиер денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во пресрет на неговата посета на Атина на 15 септември. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Мишел разговарале за ситуацијата во регионот „поради провокативните активности на Турција и европскиот одговор“, а претседателот на Европскиот совет „ја повтори целосната солидарност на ЕУ за Грција и Кипар“. ср/

Остани поврзан