• петок, 22 ноември 2024

Мицотакис: Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО 

Мицотакис: Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО 

Вашингтон, 16 мај 2022 (МИА) - Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и сега не е најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење, изјави денеска за Ем-ес-ен-би-си, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во однос на најавената блокада од страна на Турција. 

-За (блокадата) треба да го прашате турскиот претседател... Очекувам ова прашање да се разреши изјави тој. 

Мицотакис додаде дека Грција ги поддржува членствата на Шведска и Финска во НАТО. 

-Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки, изјави тој. 

За да ја осигураат својата безбедност, откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.  

Грчкиот премиер е во дводневна официјална посета на Вашингтон и подоцна вечерва во Белата куќа треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. 

На полноќ, претседателот на САД организира прием во чест на грчкиот претседател, а за одбележување на 200 годишнината од почетокот на војната за независнот на Грција. 

Според Мицотакис, 200 годишнината требаше да се одбележи лани во мај, но поради Ковид-19 настаните беа одложени. кб/ сд/

Остани поврзан