• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: 17 октомври е можност сериозно да ја опоменете власта

Мицкоски: 17 октомври е можност сериозно да ја опоменете власта
Струмица, 10 октомври 2021 (МИА) - 17 октовмри е датум кога се одлучува за нашата иднина. Тоа е можност да се произнесете и сериозно да ја опоменете власта. Да не ги поддржите оние мали Зоранчиња, алчни луѓе за власт и оние кои соработуваат со нив само за да ги сочуваат своите фотелји. Тие немаат ниту програма, ниту пак знаат што подразбира програма со план и визија. Тие немаат визија, затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Заев нема програма, зашто таму ќе остане напишано тоа што тој претходно ќе го излаже. Нема програма, зашто тоа им е тешко да го направат и ќе станат мерливи и откако ќе се споредат ќе се види дека буквално ништо не направиле, рече вечерва на митингот во Ново Село, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во програмата на неговата партија, пак, имало изградба на нови 2.000 улици, градба и реконструкција на 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина и нови 150 паркови, објекти од културата, 90 спортски сали за младите, гасификација за понапредни општини и дигитализација на поефикасни општини. -Ова е тоа што му втерува страв во коски на нашиот политички противник и зато ќе ги слушнете како викаат за да не се слушне лелекот и плачот на народот, затоа што душата боли, а срцето се кине од овој криминал, од овие предавства, од овој срам којшто го живееме 52 месеци, подвлече Мицкоски. Им порача на кандидатите за градоначалници и советници да сонуваат големи работи и и да прават големи работи, бидејќи на луѓето им требале големи чекори за да излегле, како што рече, од ова политичко мочуриште во кое сме се наоѓале. рт/бк/

Остани поврзан