• петок, 22 ноември 2024

Ќе биде објавен конкурс за главен ревизор на ИПА фондови, најави премиерот

Ќе биде објавен конкурс за главен ревизор на ИПА фондови, најави премиерот

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе биде објавен конкурс за позицијата главен ревизор на ИПА Фондовите, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, предложена како кадар на коалицијата „Вреди“, бидејќи не поседувала лиценца за ревизор.

На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, како в.д., кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. За заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Владата го именуваше Иван Игњатов, кој е доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

Од ДКСК за „Телма“ вчера потврдиле дека законот јасно наведува кој може да биде назначен за главен ревизор и дека не е предвидено вршител на должност за позицијата. 

Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека како Влада работат транспарентно и отчетно и оти грешката со назначувањето на Верзиволи како главна ревизорка е исправена.

Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на паза

-Како Влада, за разлика од минатите влади работиме транспарентно и отчетно пред граѓаните и таа грешка е исправена, со избор на стручни лица и како директор и како заменик директор, законот тоа го дозволува, а ќе следи и конкурс, законот тоа не го забранува. Антикорупциска друго кажува, но законот не го забранува тоа што вие го кажувате и наскоро денеска ќе се објави оглас и на тој оглас ќе бидат оние коишто се сега вршители на должност практично потврдени како кадровски решенија, доколку нема други заитересирани кои ги исполнуваат условите, рече Мицкоски.

Додаде дека доколку има и други заинтересирани откако ќе биде објавен тој оглас ќе ги разгледаат тие апликации и ќе донесат одлука како влада и така ќе постапуваат. нд/ац/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан