• недела, 21 јули 2024

Мицкоски треба да го достави предлогот за состав на влада до Собранието, нова влада се очекува да биде изгласана овој викенд

Мицкоски треба да го достави предлогот за состав на влада до Собранието, нова влада се очекува да биде изгласана овој викенд

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Кандидатите за членови на владата од коалицијата „Твоја Македонија“ во неделата вечерта беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од  „Твоја Македонија“ во владата ќе има 15 членови, од кои три на вицепремиерски места,  кадри од коалицијата „Вреди“ ќе раководат со пет министерства и ќе имаат едно вицепремиерско место, а два министерски ресора ќе предводи партијата ЗНАМ -  За наша Македонија. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вчера изјави дека ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери. Вчера на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ што се одржа во Велес, мандатарот потенцираше дека владата која ќе ја создадат е посветена на враќање на Македонија на нејзиното вистинско место како просперитетна, праведна и динамична демократија. 

VMRO-DPMNE leader Hristijan Mickoski said he will fight to achieve strategic goals such as European Union membership and good relations with strategic partners. Addressing Monday's event titl

- Но ние немаме да се загубиме на тој пат преку непринципиелни договори штетни за државата. Нашиот излез ќе биде нашата работа, нашата иднина ќе биде нашата сила добиена од волјата на народот, рече Мицкоски, порачувајќи им на новите функционери да ги „засукаат ракавите“ и кажа дека нема тајни формули, лажни верувања или суеверија, а рецептот за успехот е работа, чесност и посветеност. 

Тој исто така истакна дека како претседател на партија која работи за македонско национално единство, подава рака на СДСМ за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните.

– Тие непринципиелни коалиции и преговори под маса, јас нема да ги правам и нема да им работам позади грб, ниту ми паѓа на памет да им се мешам. Тие од мене, како претседател на партија која посакува и работи за македонско национално единство имаат подадена рака за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните. Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина, порача Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту пак неговиот албански коалициски партнер ВРЕДИ да стане како ДУИ.

Сѐ додека албанските партнери работат според закон во интерес на државата, Мицкоски истакна дека ќе бидат еднакви партнери во Владата, појаснувајќи дека доколку било кој застрани со криминални или други агенди ќе биде санкциониран, вклучително и од неговата партија.

– Македонија е заедничка држава и сѐ додека албанските партнери работат според закон и во интерес на државата, ќе бидеме еднакви партнери во Владата. Ако било кој застрани со криминални или други агенди, ќе биде санкциониран, вклучително и од нашата партија. Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту ќе дозволам ВРЕДИ да стане тоа што беше ДУИ, порача Мицкоски.

Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот, препорака до сите работодавачи таму каде што е можно

Мандатарот во неделата ги предложи досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски. 

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот,  професорката Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.  

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Мицкоски рече дека при изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водел од принципите за чесност и посветеност, како што нагласи - да бидат луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.  - Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати, рече мандатарот Мицкоски и порача дека имаат амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден.

Кадровското решение за генералниот секретар на владата најави дека ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае многу скоро и ќе биде на дневен ред на првата седица на владата.

Партиите од Коалицијата Вреди, според одлуките на партиските тела и изјавите на партиските претставници, ќе раководат со Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива, со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,  како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Министерството за економија и труд, за кои се предложени кадри од БЕСА Фатмир Лимаи, односно Бесар Дурмиши. Ресорот здравство, пак, според изјавите во медиумите, ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. 

Од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, пак, утврдени кандидати од партиските тела се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација. 

Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од сегашната, откако пред една недела беа усвоени измени за реаорганизација на државата управа, за кои беше обезбедено двотретинско мнозинство со дел од пратениците од Европскиот фронт. На парламентарните избори што се одржаа минатиот месец коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 пратеници, „Вреди“ 14, а ЗНАМ шест. нд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан