• понеделник, 12 јануари 2026

Мицкоски: Со инвестиција речиси 30 милиони денари до подобар живот во Неготино 

Мицкоски: Со инвестиција речиси 30 милиони денари до подобар живот во Неготино 

Неготино, 12 јануари 2026 (МИА) - Со инвестиција речиси 30 милиони денари се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница. 

- Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на комплетна комунална инфраструктура, што опфаќа водоводна линија, атмосферска и фекална канализација, напиша Мицкоски. 
 
Сподели дека инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски. 

- Проектот има долгорочно значење за развојот на Неготино бидејќи придонесува за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните поставувајќи темели за модерен и одржлив град. Се работи за проекти за трајна промена, темели за сигурна иднина, се вели во објавата. свд/лв/ 


Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски 

Остани поврзан