• петок, 19 јули 2024

Мицкоски се сретна со кинескиот амбасадор Ѕуо

Мицкоски се сретна со кинескиот амбасадор Ѕуо
Скопје, 9 јуни 2022 Денес претседателот на ВМРО-ДПМЕН проф.др. Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо. На средбата се разговараа економските предизвици кои ја засегаат земјата, но и светот и дека само зголемена соработка на економско поле и отворени економии може да придонесат за што побрзо оставање на кризата зад нас. На средбата стана збор и за лошото управување на државата од страна на СДСМ и ДУИ, што е причина за големата инфлација и сиромаштијата која е се поприсутна. Претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е спремна по наредните предвремени парламентарни избори да ја води државата и да ја извади од кризата. На средбата беше потенцирано и дека Македонија е земја која својата иднина ја гледа во ЕУ, и е посветeна на тој процес. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан