• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Се надевам дека што поскоро ќе продолжи нормално да функционира Бучим и Боров Дол

Мицкоски: Се надевам дека што поскоро ќе продолжи нормално да функционира Бучим и Боров Дол
Берово, 28 август 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Берово го посети храмот Успение на Пресвета Богородица. Во изјава за медиумите упати честитка до граѓаните по повод црковниот празник Успение на Пресвета Богородица, а воедни на сите рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна им го честиташе денешниот Ден на рударите.
Мицкоски изрази надеж дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и дека рудниците наскоро продолжат со производство.
-За жал, еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол, поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму, истакна Мицкоски. вс/вг/

Остани поврзан