• сабота, 21 декември 2024

Мицкоски: Секогаш кога се фатени во кражба, ДУИ се вртат кон национализам и шовинизам

Мицкоски: Секогаш кога се фатени во кражба, ДУИ се вртат кон национализам и шовинизам

Радовиш, 6 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Радовиш ги повика македонските граѓани да не наседнуваат на националистичките провокации од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, којшто викендов во селото Сопот во Општина Липково отворил Меморијален центар или Музеј на УЧК, а во којшто ја има картата на Голема Албанија, негови слики и на команданти во униформа и ознаки на УЧК.

-Треба во периодот што следи граѓаните да бидат внимателни, бидејќи секогаш ДУИ кога се фатени во лоповлук, во кражба, во пљачка, тие веднаш вртаат на националните теми, односно на национализам и  шовинизам. ДУИ е веќе во кампања, периодов што следи вакви провокации ќе има. Колку се тие провакции националистички поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се пљачкаат македонските граѓани, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потсети на ветувањата на лидерот на ДУИ, Ахмети за израдба на фабриката за електрични автомобили во Тетово.

-Покрај дупката и сега поголемата трева буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат Македонија поради лошите политики на Владата на ДУИ и на СДСМ. Тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари, тоа народот ќе си го каже за неколку месеци од денеска. Но ги предупредувам граѓаните да не наседнуваат на овие националистички провокации на Али Ахмети, рече Мицкоски.

Порача да се сочува разумот, бидејќи какошто рече за неколку месеци доаѓа силна Влада на ВМРО ДПМНЕ, а актуелните политичари ќе мора да сносат и одговорност. вдј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан