• сабота, 06 декември 2025

Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј

Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.

-Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија. Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, објави премиерот Мицкоски на својот фрјсбук профил. дма/

Фото: ФБ Христијан Мицкоски

Остани поврзан