• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Планот на Заев 20-21 личи на 3-6-9 што го имаа за ЕУ

Мицкоски: Планот на Заев 20-21 личи на 3-6-9 што го имаа за ЕУ
Скопје, 21 декември 2020 Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисија на телевизија МРТ. При своето гостување Мицкоски посочи дека планот на Зоран Заев 20-21 наликува на претходниот 3-6-9 од кој граѓаните не видоа ништо. На Македонија не и се потребни теории туку реализација на проекти и реформи. „Претставивте план 20-21, да имав прилика, денеска имав последен ден настава на факултетот, веднаш после наставата имав можност да ја слушам оваа би рекол скандалозна прес конференција на Зоран Заев, кој што само четири години ако направите ревинд на далинското и го вратите ќе ги слушните истите овие празни фрази пред четири години истото тогаш го зборуваше како опозиционер денеска го зборува четири години потоа како премиер. Ова ме потсеќа многу на оној план 3-6-9, кој што се прошири на 18 и кој што никој во државава не знае до каде е овој план и што се случува“, нагласи Мицкоски. Мицкоски додаде дека планот исто така го потсети и на оној бројчаник кој што велеше Заев дека ќе го намести на Триумфалната капија. Но за жал и ова ветување на Заев остана неисполнето како низа други ветувања што ги даваше на граѓаните во предизборијата. „И можам со жалење да истакнам дека повторно ова претставува уште една шарена лага“, потенцира Мицкоски. Мицкоски посочи дека на граѓаните не им се потребни шарени лаги и планови. На граѓаните им се потребни проекти и реформи за да имаат подобар и посигурен живот во државата. „Еве сега ќе ви дадам два одговора првиот е суштински. Денеска на прес конференцијата тоа што беше кажано и е дел од планот 20-21, ако го пролистате буџетот ќе видите дека има нула содржина. Затоа што вие денеска излегувате, ден откако е изгласан буџетот во Парламентот, како прв премиер предлагач нели на тој буџет претседател на таа Влада, излегувате и кажувате ветувања, а од тие ветувања ако го погледате буџетот ништо не е содржано“, појасни Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан