• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски: Охрид ќе добие реконструиран колекторски систем

Мицкоски: Охрид ќе добие реконструиран колекторски систем

Скопје, 5 октомври 2023

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Охрид  во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, од претседавачот на Советот Сашо Донев слушна со што се соочува колекторската станица, додавајќи дека од вкупно четири пумпи функционираат само две за да не се троши електрична енергија, како и дека во Охрид има мешовита канализација и кога има поројни дождови цела фекална канализација завршува во Охридско езеро.

Еве ја секунднава станица, има четири пумпи, а во вакво време функционираат само една до две, за да не трошат многу електрична енергија. Кога има поројни дождови ги пуштаат сите четири за да може да се повлече колекторот и фекалната канализација и да се однесе во Враништа во пречистителната станица. Е проблем е тоа што ви кажав дека и во Охрид има мешовита канализација и кога ќе врне дожд, фактички притисок на колекторот прави дождовната канализација и тука има една преливна шахта, сега не знам дали можете да ја видиме, овде од другата страна и цела фекална канализација завршува во Охридско езеро, најчесто кога има поројни дождови, истакна Донев.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков посочи дека доколку тие 20-30 километри кои што треба да се одделат, ќе добиеме многу понормално функционирање на колекторот, односно независно.

Настрана од самата обработка на отпадните води и на фекалната канализација, ние имаме потреба од реконструкција на оној веќе постоечки колектор, и на она кое што локалната самоуправа треба да го направи посебно во централното градско подрачје заради овие поројни дождови кои што Сашо ги спомна одделување на онаму каде што фекалната и атмосферската канализација се заедно и тоа е нешто што при поројни дождови, сериозно го оптеретува системот на функционирање на колекторот. И со овие 20 – 30 километри кои што треба да се одделат, ќе добиеме многу понормално функционирање на колекторот, односно независно. И нема да зависи дали ќе има поројни дождови или нема да има, па да мора колекторот со дополнителна снага да работи, за да најде начин и да ја исцеди водата од улиците во Охрид, истакна Пецаков.

Претседателот Мицкоски дека за реконструкција на ова е потребно да се побараат и пари од Европската унија од нивните грантови и фондови, бидејќи како што рече Охридското езеро е светска реткост и заштитена природна убавина според УНЕСКО.

Овие кои што ги спомена одвојувањата во централното градско подрачје, помеѓу фекална и атмосферска канализација да се раздвојат, можете да започнете да правите проекти за да можеме со програмата за децентрализација на средства кога ќе се направи Влада да се финансира. Ќе мора да се обидеме да побараме пари за ова и од Европска унија и од таков тип на фондови и одредени грандови каде што ценам дека има. И јас сум убеден дека и Европска унија и канцеларијата тука ќе бидат подготвени да ни помогнат логистички и да се заложат во Брисел да се добијат средства, грант, а нешто и државата ќе учествува за да ова се санира, бидејќи навистина би било греота да во 21 век светска убавина како што е Охридското езеро, светска реткост и заштитена природна убавина според УНЕСКО, да не ја финансира самата Европска унија, кога Охридското езеро се наоѓа во Европа, без разлика што ние не сме дел од ЕУ, но сме кандидат за членство во ЕУ, вели Мицкоски.

Донев додаде дека она кое што било ветувано во минатото за колектрскиот систем не е реализирано.

Она што беше ветено дека ќе има целосна реконструкција на колекторскиот систем не се оствари и сега ЈП Колекторски системи парцијално ги решаваат проблемите. Нормално колку ќе добијат средства од владата на Република Македонија. Ова се претседателе фекалиите кои што директно од функционалниот колекторски систем како што сакаше да каже директорот, завршуваат директно во Охридското езеро и во денови како што е денеска има сонце, повторно фекалии завршуваат во Охридското езеро, директно преку преливната шахта која што доаѓа од таму и завршува фекалната канализација тука, рече Донев.

Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја чека многу работа и решавање на проблемите кои ги наследиле.

Не чека многу работа Саше. Не чека многу работа. Важно е дека се ова што ќе го наследиме. Имаме план да го решиме и ќе го решиме. И треба да го решиме. Мора да се реши. Мора да се реши, истакна Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан