• петок, 13 март 2026

Мицкоски: Не постои проблем кој во дијалог и искрени разговори и договори не може да биде решен, од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност

Мицкоски: Не постои проблем кој во дијалог и искрени разговори и договори не може да биде решен, од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Не постои проблем кој во дијалог и искрени разговори и договори не може да биде решен, што е случај и фер однесувањето на трговците во земјава во последниот период, вели премиерот Христијан Мицкоски.

- Јас не би се изразил толку строго со реториката во делот на покажување мускули или покажување сила од страна на државата. Мислам дека преку еден конструктивен дијалог не постои проблем којшто нема да биде решен, како и сите досегашни проблеми. На таков начин од онаа Македонија која што пред некоја година коленичеше и правеше естрада кога добиваше донација од 5.000 вакцини против Ковид, сега станавме држава која што во регионот е фактор на стабилност, која што помага на соседите, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали фер однесувањето на трговците во последниот период е резултат на тоа што државата „покажала мускули“ кон нив.

Потсети дека државата се движи напред како резултат на такви договори и разговори и затоа може да биде фактор на стабилност во регионот дури и да нуди и помош на соседите.

-Така беше и за време за онаа енергетска криза кај нашиот северен сосед кога неколку стотици илјади граѓани таму останаа без електрична енергија, македонската армија испрати посади и донираше агрегати и во текот на зимата кога тоа им беше потребно на граѓаните на соседната држава, ние помогнавме. Исто така и сега кога се евакуираа нашите граѓани од подрачјата во заливот каде има воени активности, покрај македонските граѓани, отприлика 380, кои побараа транспорт во делот на земјите од заливот ОАЕ, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман, Саудиска Арабија и слично, имаме и 80 граѓани од соседните земји. Тука пред се мислам на Албанија, Косово, Србија, БиХ, Грција итн, па се до фактот што овој понеделник е забележан историски највисок пик на дотур на нафта, нафтени деривати на корисници. Бројката која што кажам, можеби ќе погрешам, но, станува збор за околу 2 милиони литри, дневна потрошувачка. Тоа значи дека не само македонските граѓани, туку и од соседните држави граѓаните доаѓаат кај нас да полнат гориво, без разлика дали е тоа нафта или бензин. Што значи дека кога се сака се може, и кога се има план и идеја и желба се може да се направи, рече Мицкоски во одговор на нивинарско прашање по посетата на Кочани.

Потенцира дека како Влада даваат се од себе да работат на подобрување на економијата и подобрување на животот на граѓаните.

- Има многу работи коишто треба да се направат. За жал, тоа се децениски проблеми, но, ресурсите се ограничени и работиме врз основ на приоритети, ги решаваме проблемите, не ги ставаме под тепих, не сме Влада која што констатира проблеми, туку Влада која што констатира, или да се изразам медицински. прави амнеза, и потоа нуди решенија, истакна премиерот Мицкоски. сст/паг/

Фото Влада


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан