• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Неуспешни политиките на власта, државата последна во регионот според растот на БДП

Мицкоски: Неуспешни политиките на власта, државата последна во регионот според растот на БДП
Скопје, 20 март 2022 (МИА) – Високата инфлација која е веќе двоцифрена, резултира со стагфлација во државава, и тоа за жал директно влијае врз стандардот на граѓаните на нивната куповна моќ, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на денешниот настан по повод одржувањето на вториот ден од семинарот „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми” организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска, во изјава за медиумите, ги критикуваше економските политики на власта, поради кои, како што реч,е државава е последна според растот на БДП во регионот. -Почнавме со проблемите со тестирањето, потоа последни бевме кои добија вакцини, пред тоа потоа летото ни се случија пожари, молевме да дојдат луѓе бидејќи, властите и градоначалниците на СДСМ во тие општини не беа способи да се справат, па мораше и народот да се огранизира, сега гледаме со енергетската криза, иако предупредувавме дека ќе се случи, но да сумирам, ако е успех и резултат економската политика на СДСМ која нас убедливо не закова на последното место во регионот според растот на Бруто домашниот производ тогаш јас таква политика не оправдувам и таков успех не прифаќам, подвлече тој. Додаде дека според дефицитот во Буџетот државава е рекордер во регионот. Во однос на барањата за намалување на акцизата на горивата како и посеопфатни мерки за поддршка на граѓаните, Мицкоски рече дека тоа барање е всушност за реалната поддршка за граѓаните и стопанството, појаснуваќи оти акцизата е таа која што влегува во даночната основица со намалување на Данокот на додадена вредност. -Акцизата е таа која што влегува во даночната основица со намалување на данокот на ДДВ, практично ние не ја спречуваме инфлацијата и не го спречуваме намалувањето на стандардот на граѓаните. И тоа не не послушаа и тоа го одбија, бидејќи повторно ќе кажам, го полнат буџетот за да крадат, рече Мицкоски. Најавеното задолжување на државата, посочи тој, ќе значи повторно покривање на непродуктивните трошоци. -Доколку тие непродукривни трошења и крадењата од страна на власта се прекинат ќе има пари, исто така ќе има и за високи пензии, рече Мицкоски повторувајќи го барањето за зголемување на пензиите за 20 проценти. Според него, држава ја очекува нов ценовен удар на 30 јуни, бидејќи, како што вели, ќе има повисоки сметки за електрична енергија. Мицкоски оцени и дека „власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите“ и посочи дека тоа нема да го подобри стандардот на граѓаните -Мислам дека тоа нема да го подобри стандарот на граѓаните во Македонија, тоа е политичка тема која служи за дефокус од криминалот, нема да го намали бројот на автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат државата, и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да ги прикријаат криминалите. Навистина сум вчудоневиден со каква леснотија овие политичари го навредуваат и потценувата народот, мислејќи дека со тоа ќе направат нешто со кое ќе ги покријат нивните успеси, но мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.свс/лв/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан