• недела, 17 ноември 2024

Мицкоски на средба со Сарацин, реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат

Мицкоски на средба со Сарацин, реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски денеска оствари средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станало збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека со последните измени на Кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата.

-Еден од најважните приоритети на идната влада ќе биде борбата против корупција, истакнал Мицкоски на средбата.

Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочил реалните проблеми на граѓаните, како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било разговарано и за уставните измени, при што Мицкоски го реафирмирал ставот дека оваа Влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи. дма/ац/

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан