• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Мал број луѓе чиј стопан е Заев, со цел да се спасат од кривичен прогон се кријат зад таканаречена иницијатива за вонреден Конгрес

Мицкоски: Мал број луѓе чиј стопан е Заев, со цел да се спасат од кривичен прогон се кријат зад таканаречена иницијатива за вонреден Конгрес
Скопје, 11 февруари 2021  Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кој што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, кажа Мицкоски при одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден Конгрес. Мицкоски кажа дека истите се со единствена цел практично да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој што се случува. Мицкоски рече дека Централниот Комитет на вчерашната седница закажа Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месец ноември партијата, тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе кое што ќе биде избрано на тој конгрес. Мицкоски ја искористи приликата и да се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти кои што ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење истите ги отфрлаат и продолжуваат заедно со раководството на партијата легитимно да се борат се до остварување на крајната цел. Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој што го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие од одбрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија, рече Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан