Мицкоски - Коен: Македонија има потенцијал да биде сигурна и атрактивна инвестициска дестинација во регионот
- - Ја истакнав нашата јасна определба за реформи, фискална стабилност и создавање конкурентна и предвидлива бизнис-клима, Македонија има потенцијал да биде сигурна и атрактивна инвестициона дестинација во регионот. Нашата цел е да изградиме партнерства со највлијателните глобални финансиски институции и да отвориме нови можности за развој, инвестиции и работни места, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.
Скопје, 14 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоси денеска при посетата на Минхен остварил средба со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс со кого, како што објави, разговарале за глобалните економски текови, геополитичките предизвици и позиционирањето на Македонија во новата економска реалност.

- Ја истакнав нашата јасна определба за реформи, фискална стабилност и создавање конкурентна и предвидлива бизнис-клима, Македонија има потенцијал да биде сигурна и атрактивна инвестициона дестинација во регионот. Нашата цел е да изградиме партнерства со највлијателните глобални финансиски институции и да отвориме нови можности за развој, инвестиции и работни места, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски кој е во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија по повод учеството на 62. Минхенска безбедносна конференција, порача дека продолжуваат со активна економска дипломатија и јасна визија - силна економија, стабилна држава и иднина што ја градиме дома.
Премиерот Мицкоски во тек на престојот во Минхен, каде е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски, имаше средби и со холандскиот премиер, Дик Схоф, извршниот директор на Американскиот еврејски комитет Тед Дојч, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“ и раководството на унгарски 4IG. лв/аа/
фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски